„Екипата созреа, може до трофеј“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После уште една голема победа и пласман во финалето на Лигата на шампионите, после двомеч со Монако, дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи смета дека сега со сигурност може да се каже дека не е изненадување што Старата дама ќе се најде во самата завршница на најелитното клупско натпреварување.

„Ова е одличен резултат, и ова е она што големите клубови треба да го работат, ќе биде борба за три трофеи. Многу напредувавме во последните две години и мислам дека повеќе не е изненадување да го видите Јувентус во ваква позиција“, рече Бонучи после победата на екипата од Торино.
„Не смееме повеќе да примаме голови поради невнимание. Нивниот гол висеше во воздух некои 10 минути, ги пуштивме да поминуваат покрај нас“, изјави дефанзивецот на Јувентус, а потоа додаде:

„Мораме да извлечеме поука од ова, бидејќи во ЛШ вниманието не сме да попушти ни на секунда…Важно Јувентус е во финале и веруваме дека можеме до трофеј“.
Јувентус последен пат играше финале во ЛШ во 2015 година, кога загубија од Барселона со резултат 3:1, а сега добија нова шанса да дојдат до престижната титула.

Бјанконерите во финалето го чекаат подобриот од двомечот Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, во кој Реал има голема предност од 3:0 од првиот натпревар.

„Ова е сега зрел тим, свесен за своите способности. Во Берлин имавме одлична средина, но ни денеска не сме лоши. Тогаш поразот од Барселона уште повеќе не соедини. Цврсти сме во дефанзивата и речиси секогаш успеваме да постигнеме гол“, додаде на крајот одличниот стопер на Јувентус.