Интересен податок сугерира дека Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После што во уште доминантна партија на Јувентус во полуфиналето на Лигата на шампионите го исфрли Монако со резултат 4:1, екипата од Торино се чини се одлучни за и во финалето да пружат одлична партија, и можеби да дојдат до трофеј во Лигата на шампионите.

Одлично издание на Јувнетус во најелитното клупско натпреварување, ги доведе до тоа засега многумина Старата дама да ги сметаат за главен фаворит за освојување на трофејот во ЛШ.

И навистина се чини дека Јувнетус со својата цврста одбрана и течниот напад имаат добри шанса за да го донесат трофејот во ова натпреварување во Торино, прв пат после 1996 година.

А вечерва и легендарниот шпански статистичар Мистер Чип претстави интересен подарок спореде кој, како што стојат работите, одат во корист на италијанската екипа.

Имено, откако екипата на Милан е предводена од Ариго Саки го освои Европскиот Куп во 1989 година, еден италијански тим на секои седум години го подигнуваше трофејот во ЛШ.

Значи, во 1989 победници на Европскиот куп беа играчите на Милан.

Јувентус појде за рака да ја освојат ЛШ во 1996 година,истото им појде за рака, повторно, на Милан во 2003 година, додека Интер го подигна трофејот во 2010 година.

Само коинциденција или не, интересна статистика сугерија дека седум години после титулата на Интер, сега Старата дама може да засени на врвот на Европа.

Јувентус во финалето, на 3 јуни ќе се сретне со подобриот од дуелот Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

Кралскиот клуб моментално има голема предност, со оглед дека во првиот полуфинален натпревар славеа со големи 3:0.