„Заминуваме со крената глава!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во реванш натпреварот во ½-финале на ЛШ го победи Монако и така се пласираше во финале.

Голот на Мбапе не му помогна на Монако да дојде до позитивен резултат, но ја прекина серијата на Јувентус и Буфон, кој немаше примено гол во ЛШ од ноември минатата година.

„Се соочивме со одличен тим кој беше подобар од нас. Беа подобри од нас во двата натпревари, нема за што да жалиме. Успеавме далеку да стигнеме, горди сме на себе, Франција исто така. Добро ја претставувавме нашата земја и покажавме дека сме добар тим.“

„Успеавме да ги загрозиме во ретки ситуации. Против вакви тимови не е доволно, не елиминираа, но заминуваме со кренати глави. Голот кој го постигнав не значи многу, но имавме одличен настап во ЛШ.“