„Јувентус има големи шанси да слави и во финалето“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После синоќешната победа од 2:1 над Монако, Јувентус е првиот финалист и вечерва го чека подобриот од Реал или Атлетико Мадрид.

„Мило ми е за дечките. Стигнавме до финале, но од утре треба веќе да почнеме да се фокусираме бидејќи сеуште ништо не е освоено“ -вели Алегри

„Навистина уживам во тренерската работа, тоа ме опушта. А кога почнува да биде тешко и да се губи, е тогаш размислуваме за промени“

После натпреварот, Буфон изјави дека финалето од ЛШ не значи ништо доколку Јувентус не слави во истото, а Алегри се сложи со оваа изјава на Џиџи.

„Џиџи е во право, мораме да се обидеме да победиме во финалето. Се надевам дека оваа е таа година“ – вели Алегри