Лука Дончиќ едногласно избран за најдобар млад кошаркар оваа сезона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарот на Реал Мадрид, словенецот Лука Дончиќ е избран за најдобар млад кошаркар оваа сезона во Евролигата.

Во изборот учествуваа тренерите на сите 16 тимови, а Дончиќ едногласно е избран. Оваа награда ја добива играч кој нема наполнето 22 години пред почетокот на сезоната и кој се докажува на највисоко ниво во текот на целата сезона.

Второ место беше Анте Жижиќ од Дарускафа, трет беше Марко Гудуриќ од Цвезда кој го делеше местото со кошаркарот на Басконија, Лиман Диоп.

Дончиќ на 33 натпревари одигра во Евролигата оваа сезона имаше просечно по 8.1 поен на натпревар, 4.5 скокови и 4.3 асистенции.

Реал Мадрид се избори за Фајнл Фоур, а во полуфиналето тимот од Мадрид ќе игра против Фенербахче во Истанбул.