Пирова победа на Атлетико Мадрид – Кралскиот клуб закажа финале против Јувентус (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Реал Мадрид на Висенте Калдерон во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на Шампионите, 2:1.

Јорганџиите и очекувано започнаа фуриозно. Двата клуба имаа по една шанса на почетокот на натпреварот, но голманите не дозволија топката да влезе во мрежата. После 12 минути игра Саул Нигез после нафрлена топка постигна погодок со глава за водство на Атлетико Мадрид.

Три минути подоцна беше досуден пенал за домашните. Прекршок направи Варан во казнениот простор, а Гризман од белата точка зголеми на 2:0.

Пред крајот на првото полувреме магија на Бензема кој му додаде на Крос кој шутираше, Облак одбрани, топката се одби до Иско кој намали на 2:1.

Во второто полувреме две одлични одбрани на Кејлор Навас по ударите на Гамеиро и Караско. На крајот Атлетико Мадрид победи, а Реал Мадрид се пласира во финалето каде ќе игра против Јувентус во Кардиф.