„Не знам како Бензема ги помина тие тројца“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Французинот се восхитува на сонародникот, но и на останатите играчи.

Збор на победникот – Зинедин Зидан.

Легендарниот Французин на клупата на Реал обезбеди второ финале по ред во Лигата на шампионите во тренерската кариера, па во Кардиф на 3 јуни ќе проба да испише историја.

Доволна причина за Зизу да блеска.

„Среќни сме поради се, посебно поради пласманот во финалето на ЛШ што е круна за се што се боревме цела година, посебно моите играчи. Го заслуживме овој успех. Во финале сме, имаме време да се подготвиме, но задоволни сме што одиме во Кардиф“, рече Зидан.

А лошо ја почна вечерта…

„Имавме многу проблеми на почетокот на натпреварот. Во првите 20-25 минути не личевме на себе, но не бев загрижен бидејќи знаевме дека ќе имаме шанси пред или подоцна. Во продолжението игравме многу подобро, посебно со Иско и Бензема во средината“.

Сонародникот Бензема, како што вели, го воодушеви со потегот кај голот на Иско.

„Не знам како воопшто успеа да ги помине тие тројца. Како успеа да го направи тоа? Не е фудбалот само во головите, фудбалот е и во ваквите потези, дриблинзи, фори… Без оглед што промашуваше шанси задоволен сум како играше вечерва. Всушност, сите ме воодушевија“.

Повторно одлучи Иско, „Играч од втор план“.

„Тие се наша сила. Сите во тимот се фудбалери од светска класа кои можат да ја носат играта во секој клуб, нормално и во Реал Мадрид. Важно е сите да го разбираат поимот тим и тимска работа, да се само и исклучиво во службата на Реал и да веруваат во ова што работиме. Додека така, нема да имаме проблеми“.