Пеналот на Гризман нерегуларен?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, без забавена снимка тиоа не може да се види…

Атлетико Мадрид вечерва на својот „Калдерон“ фуриозно го започна реванш мечот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал.

Во првите 15 минути екипата на Диего Симеоне поведе со 2:0 и многумина се надеваа на чудо после 0:3 на „Бернабе“.

Сепак, Иско со својот гол ја стивна еуфоријата и овозможи мирна игра на Реал до крајот на мечот.

Значи, резултатска неизвесност сепак немаше, со исклучок на тие 25 минути после голот на Гризман од белата точка.

Токму тој гол е тема на полемика вечерва на друштвените мрежи и поедини мидиуми.

Имено, ако ја погледнете забавената снимка на неговиот шут, можете да приметите дека топката ја закачи и едната и другата нога.

Но, на теренот тоа беше речиси невозможно да се примети, па на судијата Чакир нема што да се замери.