Оценки – Роналдо немаше своја вечер, но кој заблеска?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид немаше своја вечер, но без последици бидејќи неговиот тим се пласира во финалето во ЛШ.

Атлетико Мадрид

Облак 8 – Одличен натпревар, бранеше се што можеше, кај примениот погодок не можеше ништо да направи.

Хименез 6 – Заедно со Годин и Савиќ изигран од Бензема што беше клучно во овој натпревар

Годин 5.5 – Зошто тој и Савиќ излегоа на Бензема дури до аут линијата, голем кикс на искусниот дефанзивец

Савиќ 5.5 – Истото важи и за овој дефанзивец на јорганџиите

Филипе Луис 6 – Просечен натпревар, ништо импресивно

Габи 6.5 – Водеше голема битка на средината на теренот, но само на моменти го насочуваше вниманието кон себе

Саул 7 – Стрелец на водечкиот погодок во 12-та минута, а потоа не се истакна

Коке 7 – Многу забележан и конкретен во воведните минути од натпреварот кога опасно се закани по голот на Навас и асистираше за погодок на Саул

Караско 6.5 – Како и Коке, Караско беше голема опасност по голот на Навас во воведните минути, уште подобра шанса имаше во второто, но без резултат

Гризман 7 – Погоди од белата точка за 2:0, не се истакна премногу

Торес 7 – Пеналот беше направен над него, можеби и доволно од него бидејќи беше заменет во второто полувреме

 

Реал Мадрид

Навас 8 – Прими два погодоци, но не по своја вина, малку му недостасуваше да го одбрани пеналот на Гризман. Бравурозни одбрани посебно во второто полувреме за мирен крај.

Данило 6 – Не се истакна премногу, Караско си поигруваше со него во второто полувреме кога Навас правеше чуда на голот.

Варан 6 – Направи пенал над Торес, беше на големо искушение во првите 15 минути игра

Рамос 6.5 – Како и Варан, на почетокот не успеа да ги неутрализира нападите на Атлетико во првите 15 минути игра, Саул го надскока при водечкиот погодок, а после тоа ја презеде контролата.

Марсело 6 – Не му правеше премногу проблеми на одбраната на Атлетико.

Касемиро 6.5 – Во шестата минута имаше одлична шанса кога Облак одлично реагираше.

Крос 7 – Заслужен за единствениот погодок на Реал вечерва.

Модриќ 8 – Еден од најдобрите актери на натпреварот, ги држеше сите конци.

Иско 7.5 – Сигурен на средината на теренот, постигна погодок.

Роналдо 6 – Далеку од она што знае и може, без препознатливата енергија на теренот.

Бензема 7.5 – Со својата мајсторија во 42-ра минута го даде клучниот допринес за погодокот на Иско, го направи најубавиот потег на натпреварот