„Натпреварот против Селта е најважен во историјата на Јунајтед“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече денеска дека претстојниот реванш натпревар од полуфиналето на ЛЕ против Селта е „најважен во клупската историја“.

Трикратниот евроспки шампион на Европа Манчестер Јунајтед игра во четврток од 21:05 на Олд Трафорд против Селта, од реванш натпреварот од полуфиналето на Лига Европа.

Во првиот натпревар во Шпанија, победи англискиот им со 1:0.

Јунајтед во Премиер лигата се бори за пласман во Лигата на шампионите, но не е во добра односи позиција тоа што го зазема шестото место и за четвртопласираниот градски ривал Сити заостанува четири бода, на две кола пред крајот.

Првите три екипи се пласираат директно вжо Лигата на шампионите, а четвртиот тим ќе игра во квалификациите.

Екипата на Жозе Мурињо може да се пласира директно во Лигата на шампионите ако ја освои Лига Европа.

„За Селта, според нивните зборови, ова најважен натпревар во нивната историја. Јас мислам дека тоа е најважен натпревар во нашата историја. Не е важно што пред се случувало, колку во минатото игравме важни мечеви. Не мислам дека Селта повеќе од нас ја сонува победата. Навистина во тоа не верувам, мислам дека во тој поглед меѓу екипите нема да има разлика утре“, рече Мурињо.

Посебниот во претходните натпревари во Премиер лигата играше со комбинирани тимови.

„Ситуацијата е едноставна: 17 натпревари во седум недели, со 16 играчи, тоа е невозможно. Тоа не е коцкање, тоа беше едноставна одлука врз основа на здрав разум“, наведе поранешниот тренер на Интер, Порто и Реал Мадрид.