„Магичниот потег на Бензема ни ги зема соништата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико го победи Реал со 2:1 во реванш натпреварот во ЛШ, но Реал се пласираше во финале со вкупен резултат 4:2.

Играчот за врска на Атлетико, Габи по натпреварот изјави дека никогаш не се откажувале и дека верувале во целост во пресврт против Реал.

„Тоа е последното нешто што би можеле да го направиме за навивачите. Првото полувреме беше неверојатно, но магичниот потег на Бензема ни ги зема соништата. Но не се откажавме.“

„Никогаш не престанавме да веруваме, знаеме како е да се игра со Реал и Барселона. Покажавме дека се може да се направи ако се верува. Им благодарам на навивачите на одличната поддршка.“