„Не сме фаворити, Јувентус ми е во срцето!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зидан изјави дека финалето во ЛШ против Јувентус ќе му биде посебно.

Зидан играше 5 години за Јувентус каде што доби статус на еден од најдобрите фудбалери во светот, пред да премине во Реал во 2001 година.

„Станав човек и подобар играч во Јувентус. Тоа е фантастичен клуб. Ќе биде посебно да се игра против нив, затоа што Јувентус и понатаму ми е во срцето. Ќе биде убаво финале, двата тимови имаа сличен пат и заслужено се во Кардиф.“

Реал е бранител на титулата во ЛШ, но ниту еден тим досега не успеал да ја одбрани откако е формирано ова натпреварување.

„Нема да бидеме фаворити. Многу е тешко да се постигне гол против Јувентус.“