Македонија и по втор пат ја победи Бугарија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската репрезентација до 19 години ја победи Бугаријасо 3:2 во пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Македонија поведе со 2:0 со головите на Никола Богдановски во 11-та минута и Бојан Миовски во 17-та минута, но противникот резултатски се врати во игра со два гола до крајот на првото полувреме. Атанас Кабов ги постигна головите за израмнување.

Јани Атанасов повторно како и на првиот натпревар го постигна одлучувачкиот погодок. Нашиот млад репрезентативец го постигна голот за 3:2 во 61-ва минута, а недостасуваше среќа истиот играч да се радува на ретко атрактивен погодок кога од 60-на метри упати удар кон противничкиот гол, бугарскиот голман беше совладан, но за малку не ја затресе мрежата.