Дани Алвеш ретко губи финале: Јувентус може да слави!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Искусниот бразилски фудбалер Дани Алвеш е еден од најзаслужните што торински Јувентус игра во финале на ЛШ.

Одличниот десен бек кој неодамна наполни 34 години позади себе има навистина богата кариера во која пред Старата дама играше за Барселона и Севиља.

Тоа што е многу важно за Бјанконерите е фактот дека бразилскиот фудбалер едноставно не знае како се губи финале.

Од 2006 година настапи во вкупно 13 финалина во разни натпреварувања, а ги доби дури 11.

Двата порази ги доживеа во Шпанија, првиот во дресот на Севиља во Суперкупот на Европа во 2007 против Милан, а вториот е во финалето на Купот на Шпанија со Реал Мадрид во 2014 година.

Трофеите за Алвеш се редат како на лента.

Освои апсолутно се, а исклучително богатата кариера може да ја заврши повторно како шампион на Европа, што ќе му биде четврта титула.

Навистина импресивна кариера на Дани Алвеш, кој во Торино ја доживува втората младост.

Игра навистина феноменално и трага од 34 години на него не може воопшто да се примети.

Финалето на ЛШ се игра на 3 јуни во Кардиф, а до тогаш со торинскиот гигант најверојатно ќе го подигне трофејот шампион на Италија, а можеби и Купот.

Противник на Старата дама во големото финале ќе биде мадридски Реал.