„Полека се враќам во форма“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ полека се враќа во старата форма, го победи Фелисиано Лопез во два сета и се пласираше во 1/4 финалето на мастерсот во Мадрид.

Сега пречка на патот до титулата ќе му биде Кеи Нишикори.

„Беше навистина добар натпревар и мило ми е бидејќи покажав ментална сила во клучните моменти. Фелисиано одигра одлично пред својата публика, и натпреварот лесно можеше да замине во неговите раце“

„Нишикори е доста талентиран, тој е еден од најбрзите на АТП листата. Имаме одиграно со него неколку возбудливи натпревари и тие натпревари секогаш биле навистина интересни. Многу добро ја познавам неговата игра. Јас полека се враќам во форма, се надевам дека ќе ја пронајдам вистинската тактика“ – вели Новак.