Жесток натпревар во Франција, 3 голови не беа доволни, па Ајакс ќе игра во финале против Манчестер Јунајтед!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вечерва се одиграа реванш натпреварите од ЛЕ.

Во натпреварот помеѓу Јунајтед и Селта немаше премногу возбудувања.

Првата посериозна шанса ја имаше Јунајтед, а во гол ја претвори Фелаини кој испрати удар со глава покрај десната статива.


Во 42-та минута Аспас имаше добра шанса со глава, но топката замина покрај голот.

Во вториот дел од полувремето Јунајтед имаше посериозни шанси во 49-та минута кога Михтаријан се обиде да погоди од голема далечина, но Алварез имаше одлична интервенција.

Во 64-та минута уште една шанса за Јунајтед преку Рашфорд, но и овој пат подобар беше Алварез.

Во 85-та минута Селта доаѓа до израмнување и надеж дека може да направи целосен пресврт, а во 88-та минута Беили и Факундо добиват црвен картон.

Во натпреварот помеѓу Лион и Ајакс беа видени повеќе возбудувања.

Двата тимови тргнаа жестоко, а поконкретен беше тимот на Ајакс преку Џонс во 14-та минута и преку Хаким во 24-та минута, но во првиот напад топката заврши покрај голот, а во вториот напад одлично реагираше Лопез.

Првиот гол падна во 27-та минута кога Долберг успеа да го префрли голманот и да го донесе Ајакс до водство.

Во 44-та минута Лион доби пенал, кој го реализираше Лаказет, а само 1 минута подоцна Лаказет по асистенцијата на Фекир направи целосен пресврт.

Во вториот дел имаше неколку шанси на двете страни, а во 81-та минута прецизен беше Рахид Гезал кој постигна гол од тешка позиција за водство од 3:1 на Лион.