„Реал ќе го победи Јуве со гол од непостоечки пенал“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид и Јувентус на 3 јуни во Кардиф ќе играат финале на Лигата на шампионите.

Прославени фудбалски личности ширум светот веќе почнаа да даваат прогнози за резултатот од финалниот натпревар, а досега најинтересна даде Фернандо Мориентес.

„Реал ќе ја освои Лигата на шампионите, а мислам дека резултатот ќе биде 1:0. Голот може да го постигне Герет Бејл и тоа од непостоечки пенал“, рече Мориентес алаудирајќи на начинот на кој Реал Мадрид го исфрли Баерн во четвртфиналето, со тоа што не е познато поради што така зборува за успехот на својот поранешен клуб.

Фернандо Мориентес (41) за Реал Мадрид настапуваше од 1997 до 2005 година и постигна 72 голови, а во кариерата уште настапуваше за Албасете, Зарагоса, Монако, Ливерпул, Марсеј и Санта Ана.