Карим Бензема за одличниот дриблинг против Атлетико


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид се пласираше во финалето на Лигата на шампионите после што во двомеч го елиминираше Атлетико со вкупен резултат 4:2.

На Висенте Калдерон вчера  Атлетико победи со 2:1, и славеше пирова победа поради тоа што не успеаја да надокнадат заостанување од 3:0 од првиот натпревар.

Иско со својот погодок ги сруши соништата на Атлетико за целосен пресврт и финале на ЛШ, а на погодокот претходеше одличен дриблинг на Карим Бензема кој се ослободи од тројца играчи.

„Пробав сам и се се случи се, а тоа ја придвижи екипата. Беше длабочинска топка. Бев осамен, а одеднаш беа тројца дефанзивци околу мене. Ја примив топката добро, тргнав и успеав“, рече Бензема.

Францускиот напаѓач потоа објасни поради што на Реал му оди така добро во оваа сезона.

„Секој е вклучен, а тоа е важно во големите тимови. Морате да имате и добар стартен состав и клупа, каде што секој играч знае што работи. Тоа го имаме од почетокот на сезоната и ќе продолжиме“, рече Бензема.

Во финалето против Јувентус Бензема очекува кралскиот клуб да го освои трофејот.

„Знаеме што е Јувентус. Изврсна екипа. Ако стигнаа до финале, тоа не е случајно. Тие се во финалето благодарение на талентот и одличните играчи, но ние добро ќе се одмориме, а тогаш ќе ја освоиме Лигата на шампионите“, заклучи Бензема.