„Ако ја освоиме Европа лига ќе бидам презадоволен“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е задоволен од партиите на своите играчи и пласман во финалето на Европската лига.

Манчестер Јунајтед вечерва на Олд Трафорд ремизираше со Селта со резултат 1:1, но тој резултат беше доволен за да се пласира во финалето на Европската лига благодарение на минималната победа во првиот меч (1:0).

„Бевме подобра екипа во првиот натпревар, но никогаш не решавваме натпревар на време, никогаш не постигнуваме доволно голови во однос на шансите кои ги создававме.

Беше отворен натпревар кај нас дома, целиот притисок беше на наша страна“, рече Мурињо и додаде:

„Тие немаа што да загубат, и одиграа многу добро, па за нас беше многу тежок меч. Се плашевме до крајот на натпреварот, беше отворен натпревар до последната секунда. Момците пружија се што имаа, многу сум задоволен од нивната партија“.

Португалскиот стручнак додаде дека ќе биде многу задоволен доколку Јунајтед ја освои Европската лига и со тоа ќе избори пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

„После 14 натпревари во финале сме. Ако ја освоиме Европската лига, ќе бидам многу задоволен. Тоа би било одлично“, пораче Мурињо.

Јунајтед во финалето нема да може да смета на услугите на Ерик Баи кој во последната минута доби црвен картон поради расправија со Факундо Ронкаља.

„Не го видов инцидектот во кој Баи доби црвен картон, но одигра феноменално. Овој натпревар беше емоционален за секој, некои ја сочуваа контролата подобро од другите. Ронкаља не е нов во вакви ситуации, Баи веројатно наивно постапи. Изгубивме многу важен играч за финале, а ги немаме многу“, рече Мурињо.

Во финалето на Европската лига Јунајтед ќе игра против Ајакс, а натпреварот е на распоредот на 24 мај.

„Ајакс ќе биде тежок противник, тие се млада, силна екипа. Го завршуваат првенството во овој викенд и имаат 12 дена да се опорават, додека ние имаме за тоа време три натпревари“, рече Мурињо.