Сан Антонио го декласираше Хјустон и се пласираше во финале на Западот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Сан Антонио го декласираа Хјустон со 114:75 и со 4:2 во победи се пласираа во финале на Запад.

Хјустон заврши лошо, а Сан Антонио дури и без Леонард ги декласираа противниците.

Од првата минута Сан Антонио ја играше својата игра и постојано ја зголемуваа предноста.

На почетокот на вториот период тие имаа двоцифрена предност која не ја испуштија до крајот на натпреварот, а таа во еден момент изнесуваше неверојатни 42 поени.

Кај Сан Антонио најдобар беше Алдриџ со 34 поени и 12 скокови.

Кај Хјустон Ариз успеа да постигне 20 поени додека Харден играше очајно и постигна само 10 поени.

Сан Антонио ќе игра против Голден Стејт, а првиот натпревар се игра во недела.