„Не бевме далеку од пресврт и пласман во финале“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лион го победија Ајакс со 3:1, но не успеаа да направат целосен пресврт и да ја стигнат негативата од 1:4.

Ѕвездата на Лион, Лаказет постигна 2 голови во 1 минута. Прво беше сигурен од пенал во 45-та минута, а за помалку од минута постигна уште еден гол.

„Не бевме далеку од пласман во финалето. Не бевме доволно прецизни пред голот на Ајакс, пропуштивме неколку одлични шанси.“

Одличниот напаѓач жали поради тоа што во првиот натпревар не бил во стартниот состав поради проблеми со повреда.

„Можеше да биде поинаку ако бев подготвен да играм во првиот натпревар.“

„Пред се завршени сме како го завршивме првиот натпревар, но дадовме се за навивачите.“