„Трофеј во ЛЕ би било совршено финале на сезоната“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јунајтед ја помина Селта и е учесник во првото финале во Лига на Европа.

Јунајтед ќе има задача да го победи Ајакс во финалето на 24ти мај во Стокхолм.

„Во оваа тешка сезона, доколку освоиме ЛЕ тоа ќе биде навистина неверојатно нешто. Имаме шанса да освоиме трофеј и да се вратиме во ЛШ“ – вели Жосе Мурињо.

Португалецот кој го води Јунајтед оваа сезона секако не пропушти да ги пофали своите играчи, кои според него се бореле гордо до крај.

„На крајот, кога тие беа подобри од нас, кога беше тешко, кога бевме во невоља и кога не игравме добро ја покажавме нашата желба и нашиот менталитет. Се боревме до крај“