Ѓоковиќ без борба до полуфинале, Куевас направи изненадување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Завршија два 1/4 финални натпревари на АТП турнирот во Мадрид.

Куевас го совлада Зверев со 2:1 во сетови.

Првиот сет го доби германецот со еден брејк во четвртиот гем, 3:6. Куевас беше фантастичен во вториот сет и не му дозволи на Зверев да освои гем, 6:0. Уругваецот го одзеде сервисот во 10-от гем во одлувачкиот сет кој значеше и победа на овој натпревар, 6:4. Куевас во 1/2 финалето ќе игра против подобриот од дуелот Чориќ – Тим.

Нишикори го предаде натпреварот, а Новак Ѓоковиќ се пласираше во 1/2 финалето каде ќе игра против подобриот од дуелот Гофан – Надал.