Халеп е првата финалистка во Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симона Халеп во 1/2 финалето на ВТА турнирот во Мадрид ја совлада Анастасија Севастова со 2:0 во сетови.

Романката во петиот гем направи брејк, 3:2. Халеп повторно го одзеде сервисот во седмиот гем, па сервираше сигурно и го доби првиот сет, 6:2.

Севастова започна со брејк во вториот сет, 0:2. Романската тенисерка после тоа се разигра и три пати и го одзеде сервисот на латвијката за победа и пласман во финале, 6:3.

Халеп во финалето ќе игра против подобрата од дуелот Кузњецова – Младеновиќ.