Надал во два сета го среди Гофан и закажа спектакл против Ѓоковиќ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рафаел Надал во 1/4 финалето на АТП турнирот во Мадрид го победи Давид Гофан со 0:2 во сетови.

Двата тенисери беа сигурни на својот сервис во првиот сет, па победникот мораше да биде одлучен во тај-брејк. Шпанецот беше подобар и го доби првиот сет, 6:7.

Надал го одзеде сервисот на Гофан во третиот гем во вториот сет, 1:2. Потоа шпанскиот тенисер направи уште брејк во седмиот гем и сервираше сигурно за победа, 2:6.

Во 1/2 финалето Надал ќе игра против Ѓоковиќ.