Официјално – Бадштубер заминува од Баерн!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн на официјалната страна објави дека Бадштубер нема да игра повеќе во Минхен.

Тој моментално е на позајмица во Шалке, а со оглед на тоа дека наскоро му завршува договорот со Баерн, тој нема да добие продолжување на истиот.

„По завршување на договорот Бадштубер ќе побара нов тим. Баерн му посакува се најдобро во иднина и сака да му се заблагодари за посветеноста која ја покажа во последните 15 години во Минхен.“

Тој во кариерата имаше многу проблеми со повреди кои му го направија побавен развојот на кариерата.