Младеновиќ ја елиминира Кузњецова и се пласира во финале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристина Младеновиќ во 1/2 финалето на ВТА турнирот во Мадрид ја победи Светлана Кузњецова со 0:2 во сетови.

На почетокот на првиот сет и двете тенисерки направија по еден брејк, 1:1. Во деветиот гем французинката ја искористи втората брејк топка, па потоа не дозволи изненадување на свој сервис и го доби првиот сет, 4:6.

Двете тенисерки одлично сервираа во вториот сет и не дозволија брејк, 6:6. Во тај брејкот подобра беше Младеновиќ која што се пласира во финале, 6:7.

Во финалето Младеновиќ ќе игра против Халеп.