„Покажавме заедништво од првиот ден“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси после слабата минатогодишна сезона во Премиер лигата, во ова оствари голем успех, и предводен од италијанскиот стручнак Антонио Конте дојде до титулата шампион на Англија.

Челси на гостувањето славеше против Вест Бромвич Албион со резултат 0:1, што беше доволно за лондонските Сини да ја осигураат титулата шампион.

А после натпреварот за одличното постигнување на својата екипа, зборуваше и искусниот капитен на Челси Џон Тери.

Тој смета дека клучот за успехот на Челси беше заедиштвото на екипата низ целата сезона.

„Овие момци на теренот работеа одлична работа од недела во недела. Беше задоволство да се седи и да се гледа од друга перспектива“, изјави Тери после големата победа, и додаде:

„Покажавме заедиштво од првиот ден“.

Новата титила Челси е и одличен „проштален подарок“ за легендата на клубот Џон Тери кој нешто порано најави дека од следната сезона нема да биде член на екипата од Стенфорд Бриџ.