Одреден е судијата за финалето на Лига Европа, Мурињо нема да биде среќен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во финалето на 24 мај во Стокхолм ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Ајакс.

Во четвртокот се одиграни и реванш мечевите од полуфиналето на Лига Европа, а пласман во големото финаче изборија Јунајтед и амстердамски Ајакс.

Манчестер после минималната победа ви Виго, одигра 1:1 на Олд Трафорд и со вкупен резултат 2:1 помина понатака, додека Ајакс после победата во Амстердам од 4:1, во Лион е поразен со 3:1, и малку недостасуваше за натпреварот да оди на продолженија, но Ајакс издржа и ќе има шанса да се бори за трофеј и пласман во групната фаза на ЛШ.

Одредено и е кој на 24 мај во шведската претстолнина ќе го суди финале, а тоа е словенечкиот судија Дамир Скомина.

Мурињо има лошо сеќавање од овој судоја, кога во 2015 година после натпреварот Челси и Динамо Киев го нарече „слаб и наивен“.

Причина за таквиот потег на Посебниот беше недосудениот пенал во корист на Сините, иако Португалецот сметаше дека имаше елемент за најстрога казна.