Во тимот на Фердинанд за сезоната нема играч на Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд избрам по свое убедување, најдобар тим во овосезонскотго издание на Премиер лигата.

Тоа што е интересно е дека Фердинанд на својата листа немаше ниту еден играч на Црвените ѓаволи.

Никој од играчите од екипата на Жозе Мурињо не најде свое место во идеалниот тим на Фердинанд, додека тука се најдоа играчи на Ливерпул, Евертон, Барнли или Кристал Палас.

Гостувајќи на еден Јутуб канал некогашниот одличен англиски репрезентативец во идеалната екипа, во формација 3-4-3, ги внесе:

Голман: Уго Лорис; Обрана: Цезар Азпиликуета, Давид Луиз, Мајкл Кин; Среден ред: Дени Роз, Вилфред Заха, Деле Али, Нголо Канте; Напад: Еден Азар, Ромелу Лукаку, Садио Мане.

За најдобар тренер во Премиер лигата во тековната сезона Фердинанд го избра Антонио Конте од Челси.