Џон Вол е јунакот на Вашингтон – Погоди тројка и се избори за мајсторка против Бостон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вашингтон на домашен паркет го совладаа Бостон Селтикс, 92:91 во шестиот натпревар.

Домашните подобро започнаа, а во втората четвртина стигнаа и д0 10 поени предност. Сепак Селтикс пред крајот на првото полувреме направија серија од 12:1 и на полувреме заминаа со предност.

Селтикс и во третата четвртина продолжија со одличната игра, но Џон Вол со 13 поени во оваа четвртина не му дозволуваше на Бостон да стекне поголема предност. Бостон во последната минута од четвртата четвртина влезе со предност.

Томас 40 секунди пред крајот имаше шанса со тројка да ја врати предноста од пет поени, но Вол го блокира неговиот шут и на другата страна погоди две слободни фрлања за израмнување, 87:87. Ал Хорфорд од тешка позиција погоди за плус два за Бостон, а Вол на другата страна погоди тројка за 92:91. Селтикс 3.5 секунди пред крајот имаа шанса за водство и победа, но Томас промаши тројка.

Бредли Бил со 33 поени беше најефикасен во тимот на Визардс. Вол додаде 26 поени, 8 асистенции, 2 скока и 2 блока. Маркиф Морис го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок, 16 поени и 11 скока. Томас кај Бостон беше најефикасен со 27 поени, а Хорфорд додаде 20.