Ленар спремен за првиот натпревар против Голден Стејт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каваи Ленар најверојатно ќе игра против Голден Стејт во првиот натпревар од финалето на Западот.

Најдобриот кошаркар на Сан Антонио го пропушти шестиот натпревар од полуфиналето против Хјустон Рокетс поради проблеми со скочниот зглоб, но неговиот тим оствари убедлива победа во гости и се пласира во финалето.

Досега Ленар има учинок од 27.8 поени, 7.7 скока и 4.7 асистенции. Првиот натпревар помеѓу Сан Антонио и Голден Стејт е во недела во Оракл арената.