Тери е најуспешен капитен во историјата на ПЛ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Челси ја осигура титулата во Англија по победата против ВБА, Тери стана најуспешен капитен во историјата на ПЛ.

Тој како капитен на Челси ќе го подигне трофејот во ПЛ по 5-ти пат во кариерата.

До оваа сезона Тери беше израмнет со легендарниот Рој Кин кој како капитен на Јунајтед освои 4 титули во Англија.

Освен нив, има уште 5 играчи кои дошле до повеќе од една титула во ПЛ од 1992 година. А тоа се Брус, Адамс, Невил, Видиќ и Компани.