Голем удар за Франција – Гобер нема да игра на Евробаскетот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Франција ќе биде ослабен на Евробаскетот.

Центарот на Јута, Руди Гоберт го откажа настапот поради повреда на коленото.

„Беше тоа тешка одлука за мене, но ја донесов од повеќе причини. Прва е повредата која ја добив во плеј-оф серијата. Уморен сум од долгата сезона, а разговарав со луѓето од Јута, кои сметаат дека ова лето треба дополнително да работам на своето тело.“

Неговиот тим стигна до ½-финале во Западот, но беше сопрен од Голден Стејт.

Евробаскетот се одржува од 31 август до 17 септември во Финска, Израел, Романија и Турција.