Империјата на Роман -14 трофеи за 14 години!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со победа на гостувањето против ВБА, Челси стигна до титулата во ПЛ и потврдија дека се најдоминантен тим во Англија во последните 14 години.

Фубдалерите на Челси стигнаа до 28-та победа во сезоната и така математички ја осигураа титулата.

Тимот на Конте беше фокусиран само на ПЛ и куповите, па на 2 кола пред крајот ја осигураа титулата.

Челси така стигна до својата 2-ра титула во последните 3 сезони и 14-ти трофеј од моментот кога Роман Абрамович го превзема тимот.

Сметајќи ги сите трофеи, Челси од 2003 година е најуспешен тим во Англија со 2 трофеи повеќе од Јунајтед.

До крајот на оваа сезона Челси ќе има шанса да го освои ФА купот, а во него игра против Арсенал.

ПЛ – Челси 5, Јунајтед 5, Сити 2, Арсенал 1, Лестер 1
ФА – Челси 4, Арсенал 3, Јунајтед 2, Сити 1, Виган 1, Портсмут 1
Лига куп – Јунајтед 4, Челси 3, Сити 2, Тотенхем 1, Ливерпул 1, Свонси 1
Европа – Челси 2, Јунајтед 1, Ливерпул 1
Вкупно – Челси 14, Јунајтед 12, Сити 5, Арсенал 4, Ливерпул 3