Фудбалерот на Челси е голема желба на Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маркос Алонсо, левиот бек на Челси е на мета на каталонскиот гигант Барселона.

Алонсо со Челси ја освои титулата во Англија и не не чуди што го бараат најголемите клубови.

Шпанецот за 23 милиони фунти во Челси стигна од Фиорентина и веднаш стана стандарден во тимот на сините, а Мундо Депортиво тврди дека на Барса и е потребен лев бек.

Челси нема желба да го продаде фудбалерот, но во Барса се спремни се да направат за да го доведат талентираниот бек кој кариерата ја започна во Реал Мадрид.

Иако се развиваше во Реал само еднаш заигра за кралскиот клуб, па навивачите на Барселона немаат ништо против да стигне во нивниот клуб.