Фернандо Силва ги израдува битолчани – Пелистер го совлада Шкупи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Пелистер на стадионот под Тумбе Кафе во Битола го победија Шкупи во натпревар од 33-то коло во првата македонска фудбалска лига, 1:0.

Единствениот погодок на натпреварот го постигна Фернандо Силва Дос Сантош во судиското продолжение од првото полувреме.

Пелистер се приближи само на бод до Работнички кој е на третата позиција, а утре романтичарите играат против Вардар.