Делуфеу го спаси Милан од пораз во Бергамо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Милан одиграа без победник вечерва во Бергамо на гостувањето кај Аталанта во 36 коло од италијанската Серија А.

Аталанта и Милан одиграа 1:1, што е добро и за едните и другите. Домашниот тим со 66 бодови е на петтата позиција и ја осигура Европа, додека Милан е шести со 60 бодови и исто така може да се надева на пласман во европското натпреварување.

Во самата завршница од првиот ден сино-црните дојдоа до предност, кога Конти го матираше Донарума.

Аталанта го одржуваше предноста се до 87 минута, кога Делуфеу постигна гол за израмнување и вреден бод на Росонерите.

Заврши 1:1, Милан може да биде многу среќен со овој бод.