Нејмар се закани на Барселона: Ако тој остане, јас ќе заминам!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нејмар се закани на Барселона. Постојат извештаи за тоа дека Нејмар имал проблем со асистентот на Луис Енрике на тренинг во минатата недела, Хуан Карлос Унзуе.

Унзуе наводно го критикуваше Нејмар поради неговиот став, нешто што Бразилецот не го прими добро.

„Ако продолжиш вака, ќе завршиш како Роналдињо“, рекол Унзуе за Нејмар, според пишувањата на шпанските медиуми.

Унзуе е виден како потенцијална замена за Енрике, кој заминува од Барселона на крајот на сезоната, но се мисли дека неговите шанси се мали поради неодамнешниот проблем со еден од клучните играчи на Барса.

Спорт исто така известува дека некои членови на екипата на Барса не се задоволни со тактичните промени кои Унзуе ги воведе во оваа сезона.

Со оглед на огромниот талент на Нејмар, сигурно дека во негов најголем интерес и интерес на Барса е 25-годишниот да биде среќен.

Напаѓачот постигна 16 голови и осигура 18 асистенции на сите натпреварувања во оваа сезона, а беше главна алка во неверојатниот пресврт на Барселона во Лигата на шампионите против ПСЖ.

Но, чувствата на Нејмар кон Унзуе се очигледно толку лоши што е спремен да замине ако помошникот тренер остане на Ноу Камп.

Во извештајот на Мундо Депортиво, Нејмар изјави дека издаде ултиматум кон Барселона каде што наведува „Ако Унзуе остане, тогаш јас ќе заминам“.

Тој е доста контроверзна фигура.

Условот за Унзуе да замине од Барселона не е единствена работа која што Нејмар ја бара од Барса. Тој исто така сака клубот да ги договори условите за продолжување на договорот со Лионел Меси.

„Веќе четири години бев со Лео и секојдневно учев: како да ја шутирам топката, како да бидам внимателен во текот на натпреварите…Меси е од друга планета“, рече Нејмар за БеиН Спортс.

„Тој е идол и пријател со кој имам среќа да тренирам секој ден“,

“Се надевам дека ќе го обнови договорот и дека луѓето од Барселона работат на тоа со цел Лео Меси да може да продолжи да игра со нас“.