На фудбалер на Сити му се заканува голема суспензија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола може да има проблем и на стартот на наредната сезона.

Манчестер Сити го совлада Лестер со 2:1, дополнително се приближи до посакуваниот пласман во Лигата на шампионите, а покрај поништениот гол на Марез од белата точка, за овој дуел ќе се зборува и за еден груп потег на Бразилецот од редовите на Граѓаните Фернандињо.

Имено, тој со лакт во 65 минута го удри Марк Олбрајтон, но главниот судија Боби Медли во тој момент се одлучи да не го санкционира поранешниот фудбалер на Шахтјор.

Сепак, Фернандињо може да се најде во проблем, бидејќи ФА дополнително ќе ја прегледа снимката и дополнително ќе утврди дали играчот за врска на Сити заслужи казна.

Бидејќи веќе два пати во оваа сезона беше суспендиран, казната треба да биде пет мечеви забрана за играње во Премиер лигата.

Фернандињо прво доби црвен картон против Челси, па потоа и против Барнли и поради тоа казната може да стигне до пет мечеви.

Во тој случај ќе ги пропушти мечевите со ВБА и Вотфорд до крајот на сезоната, како и три меча од наредната сезона во ПЛ.

Вреди да се напомене и дека во оваа сезона е исклучување заработи и во ЛШ, против Борусија Мехенгладбах.