Реал Мадрид нуди нов договор на Зидан?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Реал Мадрид наводно понудил на тренерот Зинедин Зидан продолжување на соработката до 2020 година без оглед на учинокот на клубот во завршницата на сезоната, пренесува шпанска Марка.

Како што се наведува, Флорентино Перез настајува Зидан да го задржи на подолги стази, како и дека Фланцузинот има можност да потпише продолжување на договорот кога и ќе посака.

Договорот веројатно нема да биде официјализиран пред 3 јуни, кога е на програмата финалето од ЛШ меѓу Реал и Јувентус.

Зидан во јануари 2016 година го презеде Рела од Рафаел Бенитез и со клубот од тогаш ја освои ЛШ, а го делат само три победи од трофеј во Примера, како и триумф од 12 титула во ЛШ.

Реал Мадрид е прв фаворит за освојување на титулата во шпанското првенство, иако моментално се наоѓа на второто место во Примера.

Имаат натпревар помалку од Барса а ист број на бодови.

Денеска играат против Севиља која се наоѓа на четвртото место (кое води во квалификациите за ЛШ) во шпанското првенство.