„Титулата ми е за самодоверба!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симона Халеп ја одбрани титулата во Мадрид, откако ја победи Младеновиќ од Франција.

Халеп победи со 2:1 во сетови со 7:5, 6:7 и 6:2 и така стигна до првиот трофеј во сезоната, а 15-ти во кариерата.

„Чувството е неверојатно по одбраната на титулата. Многу ми значи овој трофеј и ми дава многу самодоверба пред наредните предизвици. Ја отворив лошо сезоната, но во вистински момент ја подигнав играта и стигнав до голема победа. Морам да останам фокусирана и да продолжам со добрите натпревари на големите турнири.“

Халеп е моментално 8-ма тенисерка во светот, а најдобар пласман и е 2-то место во 2014-та година.