Откриено е најголемото „проклетство“ на Ибрахимовиќ!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ибра е познат по тоа дека во својата кариера со кој клуб и да игра, со тој освојувал барем еден трофеј.

Реткост е Ибра да игра во тим во кој не го освоил првенството на таа земја, а тоа се случи оваа година во Јунајтед, откако Челси ја осигура титулата.

Медиумите објавија неверојатна приказна за Ибра и тренерот на Челси, Конте. Ибра од 2003 година или го освоил првенството со клубот за кој настапувал или бил сопрен од клуб кој го водел Конте.

Во Италија му се случи тоа додека играше за Милан, затоа што Јувентус тогаш беше воден од него. Нивниот „дуел“ беше прекинат по 3 сезони додека Ибра беше во ПСЖ, но продолжи оваа сезона и победник повторно беше Конте.