„Ќе ни недостига Џеко“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома вечерва игра против Јувентус во 36-то коло од Серија А.

Со победа Рома би била во подобра позиција за 2-то место на крајот на сезоната, а пред овој натпревар Спалети се соочи со големи проблеми. Тој против Јувентус нема да може да смета ан Стротман, Џеко додека не се знае дали ќе играат Наинголан и Пероти.

„Против Јувентус ќе играат само подготвените. Сигурно дека ќе ни недостигаат важните фудбалери, но мора некако да ги надоместиме. Разочаран сум затоа што го нема Џеко, кој конечно почна да ги покажува своите квалитети.“

„Оваа сезона Јувентус беше подготвен во големите натпревари. Покажаа дека знаат да се контролираат. Сигурно дека постои разлика и во квалитетот на тимовите, но можеме да најдеме начин да им се доближиме.“