Металург лесно против Пелистер – Алушовски дебитираше со пораз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Металург го победија Пелистер на домашен паркет во натпревар од седмото коло, 31:25.

На полувреме домашните заминаа со четири погодоци предност, 15:11. Металург со серија на погодоци зголеми на плус 8, а потоа до крајот рутински победи, 31:25.

Стевче Алушовски кој е нов тренер на Пелистер дебитираше со пораз. Шеста победа за Металург во плеј-офот, а четврти пораз на Пелистер.