Јуве падна на Олимпико – Рома со тројка ги почасти бјанконерите (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома го победија Јувентус на Олимпико во натпревар од 36-то коло во Серија а, 3:1.

Во период од четири минути беа постигнати два погодоци, по еден на двете страни. Марио Лемина донесе водство за бјанконерите, но волчицата преку Де Роси го израмни резултатот.

Стефан Ел Шарави во 56-та минута погоди за водство на Рома. Се играше 65-та минута кога Раџа Наинголан зголеми на 3:1.

До крајот на натпреварот промена на резултатот немаше, а Рома победи, 2:1 и му се приближи на Јувентус на четири бода.