Лесни победи за Монако и ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа сите десет натпревари од 37-мо коло во Лига 1.

Актуелниот лидер на табелата Монако лесно стигна до победа против Лил на Луј Втори, 4:0.

Фалкао во шестата минута погоди за водство на Монако. Пред крајот на првото полувреме Силва зголеми на 2:0.

За 3:0 погодок постигна Фалкао, за него втор на натпреварот. Конечните 4:0 ги постави Алонсо кој постигна автогол пред крајот на натпреварот.

 

ПСЖ на гости кај Ст.Етиен убедливо победи, 0:5.

Кавани после две минути игра ги израдува гостинските навивачи. Лукас во 38-ма минута погоди за 0:2.

Во период од шест минути Кавани и Лукас по втор пат ја затресија мрежата на домашните. Конечните 0:5 ги постави Дракслер пред крајот на натпреварот.

 

Во останатите натпревари Бастија го победи Лориен, 2:0, Бордо и Марсеј ги поделија бодовите, 1:1, Рен минимално против Каен, 0:1, Дижон со 2:0 беше подобар од Нанси, Мец и Тулуз одиграа 1:1, Лион на гости го победи Монпеље, 1:3, Нант го прегази Гингам, 4:1, а Ница дома загуби од Анжерс, 0:2.