„Ова покажува каква екипа сме“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Рома Лучиано Спалети, после големата победа над Јувентус смета дека неговата екипа ја пронајде вистинската форма.

Рома славеше со резултат 3:1 после голем пресврт, а Спалети за медиумите изјави дека тоа покажува за какви играчи се работи кога е во прашање екипата од Рим.

Јувентус поведе преку Лемина, а Рома после головите на Де Роси, Ел Шарави и Наинголан дојде до пресврт и сигурна победа, со што ја одложија прославата на Јувентус за нова титула.

„Одигравме добар натпревар иако ни недостасуваа неколку играчи. Се трудевме…Успеавме да останиме смирени и го издржавме притисокот“, рече после натпреварот тренерот на Рома.

„Реков и пред натпреварот, не интересираше победа во овој дуел, останатото беше неважно. Ова е повеќе од победа, ова покажува какви сме навистина“, изјави Спалети.

Поради тоа што Един Џеко го пропушти натпреварот поради повреда, а Кевин Стротман поради суспензија, Спалети проба со Пероти на позиција најистурен напаѓач.

А после што Пероти ја напушти играта на негово место во врвот на нападот ја презеде Салах.

„На Салах може да се вклучат петмина и да создаде големи проблеми. Се чини дека тој повеќе сака да игра на крило, бидејќи тоа му овозможува да влезе во средина и да шутира со левата нога. Тој постигна доста голови на тој начин. Пробајте да го ставите Салах во напад, кога таму го имате Џеко“, ја искоментира измената во формацијата Спалети.

„Сега пред нас се неколку важни натпревари и сакаме да бидеме целосно фокусирани. Се зборува за договори, за иднината, трансферите, или ќе бидеме втори пред нас само се засени визија. Подобро е да си фокусиран на успех“, додаде на крајот Спалети.