„Заза го бранеше само ударот!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот играч на Сан Антонио, Леонард го повреди зглобот, поради кој го пропушти натпреварот против Хјустон, а во поразот од Голден Стејт мораше да излезе од теренот во третата ¼-на.

Тој се повреди откако падна на ногата на Пачулија.

Многумина сметаат дека Пачулија намерно го повредил, но по натпреварот своја изјава даде Леонард.

„Дали намерно ја постави ногата под мене? Не, само го бранеше ударот. Недостигаше време за напад. Не знам, ќе мора повторно да ја погледнам таа акција.“

Леонард во овој натпревар за 24 одиграни минути постигна 26 поени и 8 скокови, а пред да се повреди Сан Антонио водеше со 78:55.