„Ова е тежок пораз, неверојатни грешки!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович беше нездоволен по порзот во првиот натпревар од финалната серија на Западот.

„Тие се одличен тим. Талентирани се, добро водени и гладни. Одлично трчаа, а ние направивме премногу грешки, а тоа е недозволиво. Тежок пораз, си дозволивме да го изгубиме веќе добиениот натпревар.“

Не можеше да каже каква е ситуацијата со Леонард по повредата на зглобот.

„Не знам каква е ситуацијата. Знам дека застана на истото стапало и тоа е тоа.“

Вториот натпревар се игра во ноќта помеѓу вторник и среда од 3 часот.